|
|
Здружението
ЕКО СМАРТ
е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани,
формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување,
заштита и усогласување на своите интереси, унапредување на граѓанското
општество и локалните заедници, зајакнување на економски развој на
територијата на Македонија и пошироко, во согласност со Уставот и
Законите.
Граѓаните се здружуваат со цел поголема примена на сончевата енергија,
енергетска ефикасност, обуки и помош на МСП, примена на едукативна
опрема за образованието, изработка на проектна документација,
организирање настап на саеми и друго.
Мисија:
Да ја поттикнуваме примената на обновливите извори на енергија и
енергетската ефикасност преку едукација, практични демонстрации, развој
на иновативни технички решенија и поддршка на локалните заедници,
образовните институции и малите и средни претпријатија.
Визија:
Да придонесеме кон создавање на одржливо, енергетски ефикасно и еколошки
одговорно општество во кое обновливите извори на енергија и иновациите
се достапни и широко применувани во секојдневниот живот.
Нашето здужение располага со стручен, мултидисциплинарен тим и
долгогодишно практично искуство во областа на обновливите извори на
енергија, енергетската ефикасност, техничкото образование и развојот на
иновативни технички решенија. Иако во периодот 2023–2025 година
здужението нема редовно вработен персонал, сите проектни активности
успешно се реализираат преку ангажирање на членови на организацијата и
надворешни експерти, согласно потребите на проектите. Овој модел
овозможува рационално користење на финансиските средства и насочување на
најголемиот дел од расположливиот буџет кон реализација на проектните
активности.
Здруѓението има седум активни членови
со комплементарни професионални профили: двајца дипломирани машински
инженери специјализирани за сончева енергија и термоенергетика, еден
магистер по машинство со експертиза во развој на сушари за земјоделски
производи и презентација на иновативни технологии, еден дипломиран
електроинженер и професор во средно техничко училиште, двајца
електроничари со искуство во автоматизација, сензорски системи и
електрични инсталации, како и еден програмер специјализиран за IoT
технологии, cloud платформи и системи за далечински мониторинг.
Претседателот на здружението Тони
Максимовски е дипломиран електроинженер, професор во средно техничко
училиште и долгогодишен член на Сојузот на пронаоѓачи и автори на
технички унапредувања (СПАТУ). Поседува бројни национални и меѓународни
сертификати од областа на електроенергетиката, енергетската ефикасност,
наставата и јавните набавки, како и повеќе признанија за придонес во
развојот на иновациите и техничкото образование.
Одговорното лице за спроведување на
проекти дипломиран машински инженер Зоран Трајков има повеќе од 30
години професионално искуство во обновливите извори на енергија,
енергетската ефикасност и развојот на соларни технологии. Активно
спроведува практични обуки за соларни монтажери во рамките на програма
поддржана од Светска банка и АД ЕСМ, а има богато искуство во подготовка
и имплементација на проекти, работа со образовни институции, локални
самоуправи, компании и граѓански организации. Неговите компетенции се
потврдени со меѓународно признати сертификати, меѓу кои Solar Expert
(Занаетчиска комора Кобленц, Германија), Certified Solar Instructor,
Specialist for Sustainable Renovation и Certificate of Achievement for
Climate Action, издаден во рамките на програми поддржани од UNDP, USAID,
Амбасадата на Шведска и Министерството за животна средина.
Покрај човечките ресурси,
организацијата располага и со сопствена компјутерска и презентациска
опрема, софтвер, мерни инструменти и техничка документација потребни за
подготовка и реализација на проектни активности. Членовите на
организацијата имаат долгогодишно искуство во организирање обуки, јавни
презентации, практични демонстрации и промоција на решенија од областа
на обновливите извори на енергија, како и во соработка со училишта,
локални самоуправи, компании и граѓански организации.
На 11.12.2025 година, здружението ЕКО
СМАРТ потпиша петгодишен Меморандум за соработка со Машинскиот факултет
во Штип. Меморандумот предвидува реализација на заеднички едукативни,
истражувачки и пилот-проекти, користење на научните, стручните и
техничките капацитети на двете институции, како и развој и промоција на
иновативни решенија во областа на машинството, енергетската ефикасност и
обновливите извори на енергија.
Благодарение на својата инженерска
експертиза, практично искуство, обучувачки капацитети и воспоставена
соработка со образовни институции, научната заедница, локалните
самоуправи, бизнис секторот и донаторските организации, здружението
располага со докажан организациски, технички и експертски капацитет за
квалитетна, навремена и транспарентна имплементација на проекти
финансирани од домашни и меѓународни донатори.
|
|